Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон денеска во Приштина изјави дека Косово и Србија треба да разговараат за предлогот на Европската унија за нормализација на односите.
Фајон порача дека не треба да има ескалација на ситуацијата на северот на Косово.
– Секогаш сум велела дека Косово треба да се залага за нормализација на односите. Не треба да има ескалација на ситуацијата таму (северно Косово), неопходно е да се започнат преговори за предлогот на ЕУ за нормализација на односите што е на маса, рече Фајон на заедничката конференција со министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово на Доника Гервала.
Таа додаде дека Словенија го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија.
Фајон рече дека изборите што се очекуваат на северот на Косово треба да бидат фер и слободни.
– Сите сме загрижени поради безбедносните ризици на Балканот. Ни треба силен Балкан и Косово, рече Фајон.
Шефицата на словенечката дипломатија додаде дека со Гервала разговарала и за билатералната соработка и рече дека Словенија останува пријател на Косово и го поддржува евроатлантскиот пат.
По средбата со Гервала, Фајон се сретна со претседателката на Косово, Вјоса Османи, а предвидена е средба и со претседателот на косовскиот парламент, Гљаук Коњуфца.