Полицајци Срби ги соблекоа косовски униформи по одлуката на претставниците на Србите да ги напуштат сите косовски институции во знак на револт кон стапувањето во сила на одлуката за пререгистрација на српските возила и употребата на косовски регистарски таблички.
По завршувањето на прес-конференцијата на претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, десетина полициски службеници ги соблекоа униформите.
Шефот на регионалната оператива Митровица Север, капетанот Александар Филиповиќ поднесе оставка во име на вработените во косовската полиција со порака „Доста беше“. Тој истакна дека застануваат до својот народ.
Претставниците на Србите на Косово денеска ги напуштија сите косовски институции во знак на револт, велејќи дека Приштина не го почитува Бриселскиот договор.