понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ФОТО: Ова е човекот кој фрли бомба врз Американската амбасада во Подгорица?

ФОТО: Ова е човекот кој фрли бомба врз Американската амбасада во Подгорица?

Црногорската полиција се сомнева дека 43- годишниот Далибор Јауковиќ е мажот кој синоќа фрли бомба во дворот на американската амбасада, а потоа изврши самоубиство, дознаваат „Вијести“.

Јауковиќ живеел во Подгорица, а роден е во Кралево.

Во експлозијата нема други жртви, а мотивот за нападот се уште не е познат.

На Фејсбук профилот на Јауковиќ се гледа дека е награден со медал за заслуги во областа на одбраната и безбедноста на Сојузна Република Југославија во 1999 година.