петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Ѓуриќ откри зошто беше уапсен и измачуван во Косово, причината е иронична реакција

Беше тепан и понижуван и протеран во централна Србија, каде што му беше укажана прва помош.
Ѓуриќ откри зошто беше уапсен и измачуван во Косово, причината е иронична реакција

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ синоќа во „Кирилица“ откри што се случило во Брисел непосредно пред апсењето во Косовска Митровица, што било тоа што толку ја изнервирало приштинската делегација.

Непсоредно по хаосот во Косово, кога беше грабнат Ѓуриќ, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека еден потег на Ѓуриќ на станокот во Брисел ги изиритирал претставниците на „лажната држава Косово“. Ѓуриќ вечерва откри кој е тој потег.

– Им се насмеав, рече Ѓуриќ.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија објасни дека токму таа нсмевка ги збеснала Албанците, кои тогаш отворено му се заканиле.

– „Ќе ме запамтиш“, тоа ли ти рекоа, го праша новонарот Ѓуриќ, а тој одговори:

– Нешто во тој стил. Ѓуриќ објасни дека неговата насмевка била иронична реакција на нереалните барања на приштинската делегација.

-Не можат да очекуваат ништо да не дадат, а Србија да им даде се, го повтори ставот на српските власти.

Марко Ѓуриќ беше уапсен на 26-ти март при посета на Косовска Митровица. Апсењето го спроведоа специјалните единици на косовската полиција.

Беше тепан и понижуван и протеран во централна Србија, каде што му беше укажана прва помош.