Многу граѓани на Србија останаа заробени во Кина поради влошената состојба од коронавирусот.
– „Ситуацијата во Кина е стабилна. Маските се носат само кога се оди во маркет и слично, но на улица се помалку ги среќаваме“, соопшти Немања Милошевиќ кој пошол во Кина поради работа и требал да се врати во јануари, но и понатаму чека лет за да се врати во Србија.
Немања работел онлајн, така да за разлика од другите државјани на Србија во Кина не е загрозен.
– „Има и доста студенти кои се заробени по кампусите по 5-6 месеци, па мораат да плаќаат смештај, а има и граѓани со здравствени проблеми кои треба да се вратат кај своите лекари и да пролжат со терапииите“, вели тој.
Проблемите започнале откако летовите биле откажани и тоа по неколку пати, иако граѓаните на Србија си купиле карти кои чинеле и по десет пати повеќе за разлика од пред пандемијата, цена со 300 или 400 евра претходна сега е скокната од 3.000 или 4.000 евра. Поради тоа граѓаните имаат голем финансиски проблем.
„Амбасадата на Србија ќе им излезе во пресрет колку може но не може да им организира сега лет. Ние не бараме бесплатен превоз, него едностано да платиме толку колку што плаќавме претходно за картите“, додаде Милошевиќ.