Напната атмосфера имаше денеска во бугарското Народно собрание меѓу пратеникот на „Продолжуваме со промените“ Искрен Митев и претседателот на „Преродба“ Костадин Костадинов, јавуваат бугарските медиуми.
Митев рече дека е јасно кој го предал народот.
Костадинов кој му се обратил на претседателот на Собранието Кристијан Вигенин со зборовите: „Овој е идиот, ќе му го скршам носот“.
Но, Вигенин не му дал збор, нагласувајќи дека не е јасно кому пратеникот Митев го адресирал говорот.
По повод Ден на детето, имало деца во Собранието.
Митев потоа се извини од говорницата и им се извини на децата и другите присутни во салата.