Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, коментирајќи го барањето на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) за предвремени парламентарни избори, изјави дека „доколку ЛДК е подготена за тоа, тогаш и Алјансата за иднината на Косово (ААК) ќе гласа за избори“.
Харадинај на прес-конференција по седница на Владата наведе дека и владината коалиција го подржува барањето на ЛДК за нови избори.
– Доколку одиме на избори и Алијансата и владината коалиција ќе им го даде гласот доколку се за избори, изјави Харадинај.
ЛДК вчера соопшти дека Косово се наоѓа во длабока институционална и политичка криза и ги повика политичките партии „што поитно да се состанат и да одредат датум за избори“.
Барањето на опозициската ЛДК како несериозно го оценија Демократската партија на Косово (ПДК) и Двжењето Самоопределување.
Инаку, на прес-конеренцијата Харадинај зборуваше и за одлуката на Бурунди да го повлече признавањето на независноста на Косово.
– Треба да бидеме внимателни со изјавите. Не знам дали е вистина дека Бурунди го повлекло признавањето на нашата земја,посочи Харадинај.
(Миа)