Заменикот косовски премиер Енвер Хоџај тврди дека Белград одбива да соработува со Приштина во врска со убиството на Оливер Ивановиќ и оти одговорите за тој инцидент се кријат во Белград, јави Танјуг.
– Четири месеци од убиството на Оливер Ивановиќ и Србија се уште одбива да соработува со Косово бидејќи сакаат да ја скријат вистината и да ја попречат правдата. Негово убиство има корени во деструктивната српска политика и одговорите се кријат во Белград, напиша тој на Твитер.
Потпретседателот на српската Влада и министер за внатрешни работи Небојша Стафановиќ изјави дека Србија е заинтересирана да биде решено убиството на Ивановиќ, но не гледа подготвеност кај приштинските власти.