Заменикот на косовскиот премиер Енвер Хоџај, коментирајќи ја изјавата на рускиот амбасадор во Белград, изјави дека поделба на Косово не доаѓа предвид.
Амбасадорот Александар Чепурин изјави дека Русија прифаќа поделба на Косово и Метохија ако тоа решение е најдобро за Србија.
Рускиот дипломат тоа го изјави коментирајќи ја изјавата на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ дека и Албанците би прифатиле поделба на Косово и оти и тоа е во нивен интерес.
-Приказната на амбасадорот за поделба е обид на увоз на руски пристап на поделби од Евроазија до Балканот. Границите на Блаканот се непроменливи и секоја идеја за поделба е извор на конфликт. Не, благодарам, напиша Хоџај на Твитер.