Српската православна црква потврди дека српскиот патријарх Иринеј е хоспитализиран во воената болница Карабурма, поради влошена здравствена состојба предизвикана од Ковид-19.
Патријархот на СПЦ бил пренесен во болница утрово поради „влошување на хроничната срцева слабост“.
Од СПЦ нагласуваат дека состојбата на Иринеј откако примил терапја се стабилизирала.
Српската православна црква додаде дека конзилум лекари специјалисти континуирано ја следа здравствената состојба на патријархот Иринеј.