четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Хоти: Измислица на Вучиќ е дека косовските Срби се уплашени од формирањето војска на Косово

Хоти: Измислица на Вучиќ е дека косовските Срби се уплашени од формирањето војска на Косово

Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти смета дека наводите дека косовските Срби се уплашени од формирањето војска на Косово се неточни, а нивното претставување како жртви е лажна пропагнда од страна на Белград, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ваквите тврдења Хоти ги нарече „измислици“ на српскиот претседател Александар Вучиќ и порача дека „судбината на косовските Срби конечно ќе се смени кога Белград ќе престане да ги употребува за сопствени политички интереси“.

– Вучиќ цело време измислува лаги за да ги претстави косовските Срби како жртви. Според таа негова стратегија, што по независно е Косово толку е полошо за Србите. Судбината на Србите нема да се смени ниту со заминувањето на УНМИК, ниту со новиот мандт на ФСК (Безбедносните сили на Косово). Судбината на Србите конечно ќе се смени на добро тогаш кога Белград ќе престане да ги користи за дневно-политички интереси на Вучиќ и кога ќе ја признае косовската држава. Што поскоро, тоа подобро, напиша на Фејсбук шефот на пратеничката група на најголемата опозициска партија на Косово. (МИА)