сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Хрватска: Во близина на зградата на Грабар-Китаровиќ уапсен вооружен маж

Хрватска: Во близина на зградата на Грабар-Китаровиќ уапсен вооружен маж

Хрватската полиција по дојава денеска уапси маж, кој вооружен се шетал, а потоа застанал во близина на зградата во која живее претседателката Колинда Грабар- Китаровиќ.

На улица излегле припадници на полицијата со панцири и шлемови.

– Околу 15 часот добивме дојава дека непознато лице се шета по Звонимирова улица со оружје. Со брза реакција на полицијата, тоа лице е уапсено, ставено под надзор и доведено во службените простории. Им благодариме на граѓаните за дојавата, изјавија од загрепската полиција. (МИА)