среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Илјадници граѓани во Атина протестираа за поддршка на Украина (ФОТО)

Илјадници граѓани во Атина протестираа за поддршка на Украина (ФОТО)

Со украински знамиња и слогани против рускиот претседател, илјадници граѓани се собраа на плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент во центарот на Атина за да ја изразат нивната поддршка за Украина, додека пак студентските организации и подмладоци на левичарски партии одржаа одвоен собир и протестен марш, јави дописничката на МИА од Атина.

Голем дел од насобраните на протестот на Синтагма беа Украинци кои живеат во Грција, а присутен беше и атинскиот градоначалник Костас Бакојанис.

На протестот организиран од студентите, беа и членови на подмладоците на Комунистичката партија и на СИРИЗА.

И двата протести, и покрај студеното време беа масовни, а завршија мирно, без никакви проблеми. (МИА)

Фото: МИА