вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

„Избројани ти се деновите“- сериозни закани за Еди Рама

„Избројани ти се деновите“- сериозни закани за Еди Рама

Опозициското Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ), кое е трета по голема политичка партија во Албанија, му порача на албанскиот премиерот Еди Рама дека „му се избројани деновите, затоа што е измамик и најодвратен премиер што некогаш го имала земјата“.

Партискиот потпретседател и координатгор на пратеничката група на ЛСИ, Петрит Васили упати остри зборови кон Рама, додавајќи дека тој е главниот виновник за актуелната состојба во која се наоѓа земјата.

Според него, последните настани покажале дека Пбвинитествто и полицијата „се паднати на земја и понижени како институции“, затоа што работат по наредба на Рама.

Васили вели дека премиерот Рама „изградил модел на измамници”.

– Без достинство, измамик, дрдорко тоа е Рама,обвини Васили.

Според него, Рама “обезбедил место во историјата како најодвратен и без никакво достоинство премиер што Албанија го имала кога било“.

– Во знак на почит кон себе си, не го слушајте неговото идиотско мамење и на идиотите кои треба да си заминат заедно со него, им порача Васили на албанските граѓани .

Деновиве лидерката на ЛСИ, Моника Круемади, изјави дека земјата се наоѓа во многу тешка економска и политичка состојба, за што.,според неа, главен виновник е премиерот Еди Рама.

– Затоа единствениот пат на опозицијата е соочување со криминалниот режим, порача таа. (МИА)