Само неколку часови откако ја презема премиерската функција, Јанез Јанша ги смени првите луѓе на словенечката полиција, армија и разузнавачките служби.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, сменета е директорката на полицијата Татјана Бобнар, а на нејзино место е именуван Антон Травнер. Досегашниот началник на Генералниот штаб на армијата Аленко Ерменц си заминува од позицијата, а ќе го наследи Роберт Главаш.
Трет во првиот бран промени е и директорот на Безбедносно-разузнавачката служба Дејан Милиевич, а на таа позиција веднаш именуван Андреј Осолник.
Новите министри денеска имаат состаноци со оние кои заминуваат и практично ги превземаат кабинетите и функциите.