четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Како дојде до ескалација на ситуацијата во Собранието на Косово

Како дојде до ескалација на ситуацијата во Собранието на Косово

До ескалација на ситуацијата во Собранието на Косово дојде откако медиумите во Косово деновиве објавија серија прислушкувани разговори на шефицата на пратеничката група Движењето Самопределување, Мимоза Кусари-Лила со пратеникот од Српската Листа, Славко Симиќ и со потпретседателот на Српската Листа, Милан Радоичиќ кој е баран од косовските власти, а се наоѓа и на црната листа на САД поради вмешаност во меѓународен организиран криминал.

Опозициските партии денеска во говорницата на Собранието залепија транспарент на кој пишуваше „Здраво“, алудирајќи на поздравувањето на Кусари Лила со Радоичиќ. Додека премиерот на Косово, Албин Курти збореше од говорница, пратеникот на опозициската Демократскта партија на Косово, Мергим Луштаку му се доближи и го испрска со вода по што на овој чин возрвати вицепремеирот Бесник Беслими фрлајќи кон него флаша вода. Веднаш потоа Луштаку ги турна министрите Хекуран Мурати и Албулена Хаџиу. Во меѓувреме, претседателот на Собранието на Косово ја повика полицијата во собраниската сала. /ВИДЕО/