недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Китаровиќ ветува подобри плати и повеќе работни места

Китаровиќ ветува подобри плати и повеќе работни места

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, која се кандидираше за уште еден мандат, денеска изјави дека својата победа ја темели на својата програма – подобри плати и повеќе работни места.

Китаровиќ го посети штандот на задарскиот Народен плоштад, каде се собираат потписи за поддршка на нејзината кандидатура, каде на граѓаните им порача да го дадат својот потпис за оптимизмот и подобрата Хрватска.

Хина пренесува дека таа кратко кажала дека нема да нагаѓа кој од нејзините противкандидати ќе се најде во вториот круг од гласањето.

Китаровиќ изјави дека нејзината програма се темели на грижата за повозрасните сограѓани, на иновациите за развој на стопанството, на економијата и демократијата, како и на борбата против корупцијата.