четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Колинда: Имам предиспозиција за карцином

Колинда: Имам предиспозиција за карцином

Хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ им објаснила на новинарите во Турција зошто била на преглед во приватна поликлиника.

За жал, имам генетски предиспозиции. Од четири баби и дедовци, тројца починаа од карцином. Јас секоја година правам магнетна резонанца на дојките и внатрешните органи – изјавила Колинда.

Таа потврдила дека во јануари била на инфузија во болница во Загреб.

Претходно, „Вечерњи лист“ објави дека претседателката на Хрватска во јануари била неколку пати на инфузија во Загреб, а во петокот била на преглед и во приватна клиника кај Загреб, наводно, на мамографија.