понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Колинда повторно гушка: Еве кој политичар имаше среќа сега (ФОТО)

Колинда повторно гушка: Еве кој политичар имаше среќа сега (ФОТО)

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, одлучи да ја продолжи својата мала традиција на гушкања, во текот на посетата кај словенечкиот колега Борут Пахор.

Имено, словенечкиот претседател Борут Пахор и претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, неформално имаа средба во Вили Подрожник, пренесува ХРТ.

Хрватската претседателка го посети својот колега при враќање во Хрватска после посетата на Албанија. Она што е интересно е што овој чин го забележа фотографот на Пахор. Таа го гушна Пахор, онака што би се рекло филмски.

Со тоа Колинда потсети на своето однесување во текот на свечената церемонија за затворањето на Светското првенство.

Тогаш шефицата на Хрватска, одлучи да ги прекрши непишаните правила на дипломатијата и да се препушти на емоциите, гушкајќи го скоро секој што и дојде.