Хрватска воведува нови заштитни мерки на делови од својата територија поради рекордниот пораст на новозаболени од коронавирус.
На предлог на Штабот за цивилна заштитна во Сплитско-далматинската жупанија, како и штабовите на повеќе општини и градови се воведуваат неопходни епидемиолошки мерки во траење од 14 дека, а кои стапуваат на сила од утре.
Како што јавува Индекс.хр новите мерки подразбираат дека на свадбите ќе може да присуствуваат најмногу 50 лица, а останатите приватни прослави да се организираат во кругот на семејствата со максимален број на 20 присутни.
Баровите ќе може да услужуваат гости само на отворените тераси, на погребите дозволено е да бидат присутни до 50 лица, а сочувство да се изразува без близок контакт.
Во Хрватска вчера чертврти ден по ред беше соборен рекордот на новозаразени лица.
Според извештајот на Националниот штаб, потврдени се нови 306 случаи, а активни во моментов се 2.052 лица. На болничко лекување има 143 пациенти од кои на респиратор се 12 лица.