сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Косово бара терористите од Диво Насеље да се вратат дома

Косово бара терористите од Диво Насеље да се вратат дома

На пленарната седница на Собранието на Косово вчера беше расправано повторно околу прашањето некои од членовите на ‘Кумановската група’ да се вратат во Косово и таму да ги доиздржат своите затворски казни, објавија весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик.

Инаку, „случајот со групата од Куманово“ е судирот на 9 и 10 мај 2015 година во кумановското „Диво насеље“ меѓу специјалната единица „Тигар“ на македонската полиција и упаднатите припадници на вооружената група од Косово, кога загинаа осум полициски специјалци, а ранети беа 37. Беа убиени и 14 припадници на косовската група. Во судскиот процес 33 лица беа осудени за тероризам и терористичка организација: на казна доживотен затвор се осудени осуммина обвинети, а 13 обвинети добија казна од 40 години затвор. На казна затвор од 20 години се осудени петмина, на 18 години еден обвинет, а по двајца добија казна затвор од 14, 13 и 12 години. Уште поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај во август 2018 година имаше побарано овие затвореници за тероризам да бидат екстрадирани во Косово и остатокот од казната да го одлежат во косовските затвори.

Во врска со расправата околу затворениците за „Диво насеље“ информативниот портал „ин7“ објави: „Хисен Бериша, пратеникот на Демократската партија на Косово, врз основа на чие парламентарно прашање и беше покрената оваа дебата во Парламентот, побара од премиерот Курти да каже што сториле косовските институции, за да осудениците не се сметаат како терористи.“