Вршителот на должност министер за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли објави дека годинешниот добитник на Нобеловата награда за литература Петер Хандке од денеска е персона нон грата во Косово, поради неговото негирање на воените злосторства од страна на Србија на Слободан Милошевиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.
Прогласувањето на австрискиот писател за непожелна личност од страна на Приштина уследи неколку часа откако истото тоа го стори и официјално Сараево.
– Денеска одлучив да го прогласам Петер Хандке за непожелен во Косово. Тој е персона нон грата од денеска. Негирањето на воените злосторства и поддршката на злосторниците е ужасно злосторство, соопши Пацоли.