Министерот за внатрешни работи на Косово Џељаљ Свечља и министерот за транспорт и дигитална инфраструктура на Германиј Оливер Лукшиќ потпишаа вчера договор за меѓусебно признавање на возачките дозволи во двете земји, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во објава на својата страница на Фејсбук, Свечља го оцени постигнувањето на договорот како „еден од најзначајните и најолеснителни процеси за косовските иселеници“.
– Нашите иселеници придонесуваат многу за нашата земја, но и за државите во кои живеат. Олеснувањето на животот и работата на нашето иселеништво е пред се наша обврска, која треба да се реализира со нашите сојузници, во сите земји во кои тие дејствуваат, напиша Свечља.