Косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Беџет Пацоли објави синоќа дека идната недела ќе се отвори амбасада на Република Косово во Тајланд, во југоисточна Азија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Шефот на дипломатијата во косовската влада во оставка за телевизијата Клан Косова изјави дека дипломатското претставништво во Бангкок ќе биде отворено на 22 декември.
– На 16 декември го инаугуриравме генералниот конзулат во Хамбург (Германија), а на 22 декември ќе отвориме амбасасада во Тајланд, изјави Пацоли.