вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Косово побара помош од Бајден за да се приклучи на НАТО

Косово побара помош од Бајден за да се приклучи на НАТО

Косовската претседателка Вјоса Османи побара од американскиот претседател Џо Бајден да го искористи влијанието на Вашингтон во НАТО и да ѝ помогне на државата да влезе во алијансата.

Во писмото до Бајден, Османи кажа дека по инвазијата на Русија во Украина, приклучувањето на НАТО е приоритет за национална безбедност.

-Членството на Косово во НАТО стана императив. Веруваме и очекуваме САД да го искористи влијанието за да ни помогне да влеземе во алијансата, кажа Османи.

Османи кажа дека се изложени на напори од Русија да го дестабилизира цел западен Балкан.