вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Косовската полиција со детали за престрелката на северот на Косово

Косовската полиција со детали за престрелката на северот на Косово
принтскрин јутјуб

Косовската полиција соопшти дека се убиени уште две лица кои утрово се судриле со нејзините припадници, додека едно, како што се наведува, униформирано и вооружено лице е уапсено.

Полицијата на својата официјална страница на Фејсбук објави дека ситуацијата сѐ уште е тензична, а нападите со огнено оружје врз полициските единици продолжуваат со ист интензитет.

Исто така, при рутинска контрола на возилото, во атарот на селото Рударе, полициските единици привеле четворица осомничени кои нелегално поседувале радио опрема, а се сомничат дека се поврзани со криминални групи, соопштија од косовската полиција и додадоа дека сите понатамошни дејства ќе се преземаат во соработка и координација со правосудните органи.

Официјалните информации засега потврдуваат убиство на тројца и апсење на еден напаѓач, апсење на четворица осомничени чии радио комуникации се пронајдени, а пронајдени се и значително количество оружје, муниција и разновидна опрема.