Претседателката на Косово, Вјоса Османи утре ќе отпатува во официјална посета на Германија, каде што ќе се сретне со германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмајер, јави дописникот на МИА од Приштина.
Како што соопшти кабинетот на Османи, освен со нејзиниот хомолог, таа во Берлин ќе се сретне и со шефот на германската дипломатија, Хајко Мас, како и со други високи државни претставници.
Османи во Германија ќе престојува до четврток, 16-ти септември.