понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Кризен штаб на БиХ: Епидемиолошката ситуација се влошува

Кризен штаб на БиХ: Епидемиолошката ситуација се влошува

Кризниот штаб при Министерството за здравство на БиХ, по влошувањето на епидемиолошката ситуација поради зголемениот број заразени лица со коронавирус, особено во Сараево, упати апел на граѓаните да избегнуваат јавни собири и да го ограничат движењето.

Последните воведени мерки од 25 јули се задолжително носење заштитни маски во затворен простор, почитувајќи физичка дистанца од еден метар, но и на отворно доколку е невозможно луѓето да одржуваат растојание од два метра.

По влошувањето на ситуацијата поради коронавирусот, дозволено е собирање на максимум 50 луѓе во затворен простор и не повеќе од 100 лица на отворено.