вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

КРВТА ЌЕ ВИ СЕ ЗАЛЕДИ ДОДЕКА ГЛЕДАТЕ – вака се рушеа карпи на Закинтос по земјотресот, плажите затворени, морето не мирува (ВИДЕО)

КРВТА ЌЕ ВИ СЕ ЗАЛЕДИ ДОДЕКА ГЛЕДАТЕ – вака се рушеа карпи на Закинтос по земјотресот, плажите затворени, морето не мирува (ВИДЕО)

Силен земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ги погоди грчките острови Кефалонија и Закинтос.

Од силината на земјотресот, пренесува Телеграф, дел од карпа се откинал и паднал во морето на популарната плажа Навагио на Закинтос.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат прашина откако камењата паднале во водата, а околу неа имало бродови.

Додека прашината се издига над водата, видеото покажува и како на некои капачи не им е грижа и продолжуваат да пливаат во морето, иако многу блиску до брегот.

Грчките медиуми, пак објавија дека донесена е одлука плажата да се затвори за туристи, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што пишуваат локалните медиуми по земјотресот, крајбрежната служба од Закинтос го забранила пристигнувањето по морски пат на посетителите на плажата, како и пристапот на туристите во делот над плажата поради страв од нови одрони.

Земјотресот беше регистриран кусо по 10.30 часот утрово во Јонското море, западно од островите Кефалонија и Закинтос.