вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Курти најави: Косово ќе бара влез во Европската Унија

Курти најави: Косово ќе бара влез во Европската Унија

Премиерот на Косово, Албин Курти денеска најави дека Косово следната година ќе поднесе барање за членство во Европската унија.

-Оваа година, согласно внатрешните реформи во реализацијата на перспективата за членство во ЕУ, најавуваме дека следната година Косово ќе поднесе барање за членство во Унијата, изјави Курти.

Што се однесува до Министерството за надворешни работи, Курти рече дека почнале со департизација и реформи, со што се отвора пат за дипломати од кариера, кои, според него, достоинствено го претставуваат Косово.