вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Лекари од Хрватска бараат итно воведување строги мерки

Лекари од Хрватска бараат итно воведување строги мерки

Шест здруженија и организации на лекари бараат хрватската Влада итно да донесе строги епидемиолошки мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, со предупредување дека ќе биде доцна за 30 дена.

Во отворено писмо, здруженијата на лекари ја предупредија Владата на Андреј Пленковиќ дека без воведување строги мерки, со продолжување на претходниот раст, на крајот на ноември, на 3.000 пациенти со коронавирус ќе им биде потребна хоспитализација.

Тие посочија дека Хрватска нема доволно лекарски тимови и медицински сестри, како и потребната медицинскаопрема за тоа сценарио.

-Нема да можеме повеќе да третираме пациенти со Ковид-19, ниту тешки пациенти со други акутни состојби, предупредија лекарите.

Доколку веднаш не се преземат строги мерки, нивната проценка е дека болниците за 30 дена нема да можат успешно да лекуваат заболени со коронавирусот, ниту оние кои, на пример, добиваат мозочен удар, срцев удар или се повредени во сообраќајна несреќа.