недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Мајко: Од 1 јануари нема да постои границата меѓу Косово и Албанија

Мајко: Од 1 јануари нема да постои границата меѓу Косово и Албанија

Албанскиот министер за дијаспора, Пандели Мајко им порача на граѓаните на Косово дека од 1 јануари 2019 меѓу Косово и Албанија нема да има граница, јави дописникот на МИА од Приштина.

Мајко, кој синоќа во градот Скендерај, во централно Косово, присуствуваше на манифестација посветена на косовската дијаспора, рече дека албанскиот премиер Еди Рама веќе има донесено таква одлука.

– Границата меѓу Албанија и Косово треба да се отвори и премиерот ми рече дека одлуката веќе ја донел и дека од 1 јануари започнува слободното движење меѓу Албанија и Косово, истакна Мајко, а неговата изјава беше дочекана бурни овации и ракоплескање.

На манифестацијата во Скендерај, присуствуваа и премиерот на Косово, Рамуш Харадинај и претседателот Хашим Тачи, но, како што јавија косовските медиуми, ниту еден од нив не ја коментира информацијата што ја објави поранешниот албански премиер и министер за одбрана, а сега министер за дијаспора, Пандели Мајко.

МИА