сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Мал број новозаразени со коронавирусот во Словенија

Мал број новозаразени со коронавирусот во Словенија

Здравствените власти во Словенија објавија дека во земјата се потврдени само седум нови случаи на лица заразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Изминатото деноноќие се тестирани вкупно 554 лица, а бројот од седум позитивни е најмал во споредба со неделите наназад.

Од сите 1.212 заразени досега, само 95 лица се хоспитализирани, а од нив 34 пациенти се на одделите за интензивна нега.

Изминатите 24 часа уште две лица починаа како последица од Ковид-19.