среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Милош се прости од сопругата и синовите убиени во Цетиње: Ти благодарам, се обиде да ги спасиш од злобникот

Милош се прости од сопругата и синовите убиени во Цетиње: Ти благодарам, се обиде да ги спасиш од злобникот

Црногорските весници денеска се полни со некролози и последен поздрав до жртвите од масакрот кој во петокот се случи во Цетиње.

Милош Мартиновиќ со трогателна порака се прости од сопругата Наташа и синовите Машан и Марко кои живееле како потстанари кај напаѓачот Вук Бориловиќ.

-Ти благодарам за се што направи за Машан и Марко. Се обиде да ги спасиш од злобникот кој ве уби ни криви, ни должни. Се бореше целиот живот за нив и сега повторно сте заедно, стои во последниот поздрав од Милош.

Наташа и нејзините синови ќе бидат погребани денеска на локалните гробишта.

Покрај нив, погребани денеска ќе бидат и Милан Митровиќ, како и Димитрије, Даница и Рајко Дрецун, но Горан Ѓуришиќ кој е вујко на убиецот, а настрадал обидувајќи се да го вразуми.