четврток, 1. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Министерката Џачка во посета на Атина за прашањето за морската граница

Министерката Џачка во посета на Атина за прашањето за морската граница

Албанската министерката за Европа и  надворешни работи Олта Џачка денеска престојува во официјална посета на Атина.

Според медиумите, двајцата министри Дендиас и Џачка ќе имаат двочасовна средба по што следува средба на двете делегации.

-Се дознава дека меѓу двете делегации ќе се разговара за некои прашања кои ги преокупираат билатералните односи, како што се училишните учебници, прашањето за гробиштата на загинатите Грци во Втората светска војна на територијата на Албанија, како и за забрзување на решавањето на морската граница, процес кој страните веќе го испратија на решавање до меѓународниот суд во Хаг, јави Топ чанел.

На средбата меѓу двајцата министри нема да бидат изоставени прашањата од регионот и грчката поддршка за европскиот пат на Албанија.  (МИА)