вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

МЗ на Бугарија: На осум деца и на четворица возрасни им е потребна хоспитализација по несреќата

МЗ на Бугарија: На осум деца и на четворица возрасни им е потребна хоспитализација по несреќата

На осум деца и на четворица возрасни им е потребна хоспитализација по несреќата која се случи вечерва во која автобус со срски регистерски таблички се преврте во Бугарија на автопатот Тракија, соопшти Министерството за здравство на таа држава.

Брза помош од подружниците на Центарот за итна медицинска помош во Сливен и Стара Загора веднаш реагирале на сигналот добиен нешто по 20:00 часот.

На лице место е извршена проценка на состојбата на оштетените и лицата кај кои е констатирана потреба од болничко лекување веднаш се транспортирани за лекарска помош во болнички услови, јавија бугарските медиуми. (МИА)