понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

На островот Крит запленети 410 тони експлозив

На островот Крит запленети 410 тони експлозив

Четиристотини и десет тони експлозив се запленети на брод на островот Крит, јавија грчки медиуми.

Контејнерите со експлозиви се пронајдени на брод што пловел кон Либија под танзаниско знаме.

Приведени се 11 членови на екипажот.Товарот бил ставен на бродот во турското пристаниште Мерсин.

Полицијата смета дека бродот е на компанијата Андромеда-шипинг што е во сопственост на грчки магнат и пренесувал експлозиви од Турција за Либија.