сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Над 70 отсто од учениците во регионот не сакаат онлајн настава

Над 70 отсто од учениците во регионот не сакаат онлајн настава

Најголем број од младите во земјите од иницијативата „Отворен Балкан“ или над 70%, не сакаат да продолжат со онлајн настава и сметаат дека ниту тие, а ниту професорите не вложуваат доволно напори за квалитетна настава преку интернет што резултира во ниско до средно ниво на стекнато знаење и несоодветна едукација.

Ова го покажува онлајн истражувањето на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) спроведено помеѓу ученици и студенти од Македонија, Србија и Албанија во текот на месец јануари 2022 година. Впечатлив и заеднички став на младите од трите земји е податокот дека, помалку од една третина од нив е за продолжување на онлајн наставата, додека останатите се залагаат за настава со физичко присуство или за комбиниран хибриден модел.

При тоа само 14,6 % од младите во Албанија сакаат да учат онлајн, додека 44% се за физичка настава, а 41,4% се изјасниле за комбиниран модел. Во Македонија 27% од учениците и студентите вклучени во онлајн истражувањето се за онлајн модел, 41% сакаа да се вратат во клупа, додека 32 се за комбинирана модел на онлајн и физичка настава. Дури 21% од младите Срби, пак, повеќе сакаат да учат онлајн, 37% се за настава во училиштата, додека 42% посакуваат да имаат можност и за онлајн и за физичка настава.