Повеќе од 95.000 граѓани на Босна и Херцеговина се откажале од босанските пасоши и побарале испис од државјанство на БиХ, соопшти Министерството за цивилни работи на БиХ, пренесе Бета.
Во моментов, потврдата за испис од државјанство во БиХ чини 800 конвертибилни марки (410 евра), а претходно таа сума беше двојно поголема.
„Од заминувањето на своите 95.000 граѓани, Босна и Херцеговина заработи 76 милиони марки (околу 39 милиони евра)“, објави сараевскиот „Аваз“. (МИА)