Професори од Факултетот за фармација во Љубљана испратија предупредување до граѓаните да не се тестираат сами за коронавирусот, бидејќи резултатите многу често се погрешни.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, се поголем е трендот граѓаните преку интернет да нарачуваат тестови и сами да се проверуваат, но професорите велат дека многу често резултатите од овие нестандардизирани тестови е лажно позитивен.
Од Факултетот за фармација објаснија дека за потврдување на коронавирусот е потреба стандардизирана апаратура, со која грешката на потврдувањето е многу мала.