петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Најмал број новозаразени во Словенија од почетокот на епидемијата

Најмал број новозаразени во Словенија од почетокот на епидемијата

Словенечките власти објавија дека во земјата се потврдени само пет нови случаи на новозаразени со коронавирусот, што е најмалку од почетокот на епидемијата.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, има намалување и на бројот хоспитализирани лица поради Ковид-19, кој сега изнесува 88. На одделите за интензивна нега се лекуваат 26 пациенти со потешка клиничка слика на болеста.

Во изминатите 24 часа, едно лице оздравело, а три починале како последица од Ковид-19.

Домовите за стари лица и понатаму се жариште на заразата, а речиси сите нови инфицирани и починати се токму од тие установи.