Приштина, 31 јули 2022 (МИА) – Косовската полиција вечерва соопшти дека ги затворила премините Брњак и Јариње за патнички сообраќај и возила.
Во соопштението објавено на Фејсбук страницата на полицијата се наведува дека премините се затворени поради блокадите на патиштата кон Јариње и Брњак.
Граѓаните се известуваат за сообраќај да користат други премини. ј