Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од 300 луѓе се повредени во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтер што рано утрово ја погоди Албанија.
Сè уште не е позната судбината на четворица косовски граѓани кои биле сместени во мал хотел во Драч кој е целосно урнат.
Не се исклучува можноста во хотелот да настрадал и некој од персоналот.