четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Не сакал да стави маска: Рама со полиција бил исфрлен од авион – еве што се случило

Не сакал да стави маска: Рама со полиција бил исфрлен од авион – еве што се случило

Албанскиот премиер Еди Рама лани во декември бил исфрлен од авион на Луфтханза кој летал од Франкфурт за Детроит затоа што не сакал да носи маска.

Шпигел пишува дека бил повикан пилотот кој пробал да ја реши ситуацијата, за на крајот федералната полиција да го извади Рама од авионот.

Дури по разговорот со претставник на Федералната служба за меѓународни односи, Рама се согласил да стави маска, по што бил распореден на следниот лет за Детроит заедно со својата десеточлена делегација.