Туристиката од Русија, Ксенија Корзова е повредена при поморска несреќа која се случила околу 11часот денеска во Прчањ.
Според неофицијални информации, на Русинката додека се капела во морето, налетал глисер кој пловел и на него имал американско знаме, а со кој управувал П.К. од Котор.
Русинката се здобила со лесни телесни повреди и по укажаната итна медицинска помош, префрлена е понатаму на лекување во болница во Котор.
На лице место веднаш излегла патрола на поморската полиција.