среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

НОВ ИНЦИДЕНТ ВО КОСОВО: Група Албанци претепале Србин, 18-годишно момче кое се враќало од божиќна литургија во Клокот

НОВ ИНЦИДЕНТ ВО КОСОВО: Група Албанци претепале Србин, 18-годишно момче кое се враќало од божиќна литургија во Клокот

Канцеларијата за Косово и Метохија соопшти дека синоќа група Албанци претепале 18-годишно момче од Клокот, педесетина километри јужно од Приштина.

Во соопштението се наведува дека момчето било претепано додека со својот брат се враќале од полноќната божиќна литургија од црквата Свети Петар и Павле во Клокот.

Претепаното момче се здоби со повреди на окото, раката, стомакот и нозете, а лекарска помош побарал во здравствена установа во Витина.

Канцеларијата за Косово и Метохија оцени дека и овој напад ја покажува антисрпската хистерија што владее во Косово и колку Србите се загрозени, особено јужно од Ибар.

Инцидентот се случи откако вчера беа повредени две момчиња на 11 и 21 година од огнено оружје. Во нив беше пукано од возило во движење во близина на Штрпце. Косовската полиција синоќа соопшти дека е уапсен 33-годишен напаѓач, кој бил припадник на косовските безбедносни сили.