четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

НОВ ЗЕМЈОТРЕС УТРОВО ВО МАКЕДОНИЈА – еве како се тресеше тлото во земјава вчера, особено снимката од епицентарот во Албанија е застрашувачка (ВИДЕО)

НОВ ЗЕМЈОТРЕС УТРОВО ВО МАКЕДОНИЈА – еве како се тресеше тлото во земјава вчера, особено снимката од епицентарот во Албанија е застрашувачка (ВИДЕО)

Десет афтершокови се регистрирани од синоќа до утрово со епицентар во Албанија. Последниот е во 10 часот и 05 минути по македонско време со јачина од 3,1 степен по Рихтер.

Истиот е почуствуван и во Макеоднија.

Синоќа 4,7 степени по Рихер беше најсилниот земјотрес регистиран во 22 часот и 37 минути. Дел од жителите од епицентралното подрачје ноќта ја поминаа во своите автомобили, откако ги напуштија своите домови.

Mинистер за одбрана на Албанија, Нико Пелеши на „Фејсбук“ напиша дека помала штета е евидентирана во областа Клос, пренесува Коха. Епицентарот на земјотресот бил на три километри јужно од Клос, а земјотресот бил почувствуван низ цела Албанија.

Земјотресот беше почувствуван и во делови од Македонија, особено во западните делови, во градовите Дебар, Гостивар, Тетово и околината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ABC News Albania (@abcnewsal)