Снежната бура што во понеделникот ја зафати Атина, не ја заобиколи ниту Зоолошката градина која претрпе материјална штета, при што побегнале 32 птици од загрозени видови, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Зоолошката градина соопштија дека поради обилните снежни врнежи на две локации се урнале решетките на кровот и побегнале два евроазиски бувови (Bubo Bubo) и 30 северни ќелави ибиси (Geronticus eremita), кои се загрозени видови и „кои бараат посебни услови и посебен режим на исхрана за нивниот опстанок“.
Истовремено, од Зоолошката градина ги повикаа граѓаните да ги информираат, доколку забележат некоја од птиците.