среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ОФИЦИЈАЛНО: Хрватска воведува ковид- пасош, еве од кога

ОФИЦИЈАЛНО: Хрватска воведува ковид- пасош, еве од кога

На денешната прес конференција на Главниот штаб, хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ говореше за воведување на таканаречените ковид-пасоши.

– Тоа не се пасоши, туку дигитални зелени сертификати кои се однесуваат на олеснување на патувањето, рече Божиновиќ.

Тој вели дека тие ќе претставуваат една проверка на граница и признавање на сертификати за вакцинација, прележаност и тестирање.

– Од 1 јуни ќе можеме да ги издаваме овие сертификати, што е важно за нашата туристичка сезона, но и целокупната борба против епидемијата, рече Божиновиќ.