Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на самитот на европската политичка заедница што се одржува во Кишињев, изјави за српски „Данас“ дека Србија и криминалните структури се одговорни за ескалацијата на насилството на Косово и дека Србија нема место на овој европски самит, ниту во европската заедница на народи.
– Србија не припаѓа на европската заедница – рече Османи и додаде дека членовите на криминалните структури на северот на Косово се под меѓународна потерница и дека српските власти се во многу блиски односи со нив.
Пред Османи, официјалниот пречек на црвениот тепих кај претседателката на Молдавија, Маја Санда, го одржа претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој на новинарско прашање дали ќе се сретне со некој од косовските функционери рече дека не знаеше кој е таму од Косово.
Воедно и Османи претходно беше најавена како учесник на самитот, исто како и Вучиќ.
„Отсекогаш сум бил лидер кој се залага за мир и правиме многу за да ги зачуваме мирот и стабилноста во регионот“, изјави Вучиќ за новинарите во замокот Мими во близина на Кишињев.
Тој по пристигнувањето на Самитот рече дека средбите со францускиот претседател и германскиот канцелар, Емануел Макрон и Олаф Шолц нема да бидат лесни, но дека се важни и дека ќе се обиде да ги врати работите во нормала и ситуацијата на средбите.
„За танго се потребни двајца, не зависи се од нас“, изјави претседателот на Србија.